Пријавување

From Wikimania
This page is a translated version of the page 2022:Registration and the translation is 89% complete.
Outdated translations are marked like this.

За Викиманија 2022

Викиманија е годишна конференција на Викимедииното движење посветена на сите проекти за слободно и отворено знаење овозможени од заедницата на доброволци. Од 11 до 14 август, годинашната Викиманија ќе ги здружи викимедијанците за да создаваат, чествуваат и да се поврзуваат, како виртуелно, така и физички. Собирите ќе траат четири дена, и ќе има дискусии, средби, обуки и работилници. Тие имаат за цел да ги разгледуваат проблемите, да известат за нови проекти, нови приоди и да разменуваат идеи.

Темата за годинашната виртуелна Викиманнија е „Фестивалско издание“. Ќе се собереме за да ги покажеме проектите и групите од движењето, но и да ја одбележиме разноликоста на нашата огромна заедница. Викиманија: Фестивалско издание! може да се окарактеризира во три збора: ќе биде забавно, живо и интересно; ќе биде регионално, истакнувајќи ги заедниците ширум сето движење со празнични збиднувања; и ќе биде гостопримливо кон новодојденците, создавајќи угоден простор за новите учесници кој просветлува и инспирира.

Пријавете се!

Пријавувањето за виртуелната Викиманија трае сè до крајот на настанот на 14 август 2022 г. Месните присуствени настани може да имаат свои начини на пријава.

Работиме со услужници за да ви ја приредиме Викиманија 2022. Прочитајте ја Изјавата за лични податоци за повеќе информации.




Map
Wikimania 2022 In-person events