2023:Стипендии

From Wikimania
This page is a translated version of the page 2023:Scholarships and the translation is 88% complete.




На следнава страница е опшишан процесот за стипендии на Фондацијта Викимедија (WMF). Некои други органоци и организации исто така нудат свои стипендии:

Викиманија 2023 ќе преосмислува како ќе се нудат многу активности, а процесот за стипендии е дел од тоа. За 2023 г. Главната приредувачка екипа ќе нуди различни видови стипендии;

  1. Патување до Сингапур: полни и делумни стипендии. Како што беше пред 2020 г., ќе има извесни ограничувања и услови;
    1. Полната стипендија го опфаќа патувањето, сместувањето и пријавата.
    2. Делумната стипендија обезбедува сместување и пријава.
  2. Придружни настани: Подружниците или проектните групи можат да поднесат барање за доделба до WMF за средства, приредувачите можат да помогнат со техничките потреби за живи врски со Викиманија.

Сите полни и делумни стипендии ќе бидат со можност за вршење на доброволни задачи во текот на Викиманија, бидејќи патничкото осигурување на Фондацијата покрива и доброволци. Ова може да значи 2 часа во изложбениот простор, помошни задолженија како фаќање белешки на Etherpad и пренесеување на семрежно поставени прашања за говорниците, или пак подигање на видеа од настаните на Ризницата. Доброволната работа од 2 или повеќе часа ќе се смета за доволна за да ве изземе од барањето за писмен отчет, и ќе биде предмет на проверка од Екипата за стипендии за време на Викиманија.

Важни датуми

Еве ги роковите за стипендии:

Патни стипендии

  •  Done Почнува: четврток, 12 јануари 2023 г.
  •  Done Последен рок за барање: недела, 5 февруари 2023 г. во .
  •  Done I фаза — оценување на подобноста од Доверба и безбедност на WMF: средина на февруари (исходот нема да биде објавен).
  •  Done II фаза — длабинско оценување од Комисијата за стипендии: март
  •  Done На успешните баратели им се испраќаат понуди: 21 април - мај
  •  Done Сите баратели се известуваат за конечната одлука: крај на мај
  •  Done Целосниот список на успешни баратели се објавува на викито на Викиманија: јуни

За повеќе поединости во врска со условите, оценувањето и за да поднесете барање, погл.: 2023:Стипендии/Пријави за патни стипендии

Придружни настани

Придружните настани можат да се планираат и финансираат во рамките на Фондот за општа поддршка на подружниците (GSF).

Викимедиините подружници може да користат средства веќе добиени преку Фондот за општа поддршка на Фондацијата Викимедија за да приредат придружен настан, дури и ако истиот не е вклучен во првичниот предлог. Добитниците на овие средства имаат можност да ги пренаменуваат средствата од нивниот буџет по потреба, и, согласно договорот со Фондот за општа поддршка, Фондацијата бара да бидат известени само програмските службеници ако разликата надминува 20 % од првичниот предлог. Им препорачуваме на подружниците заинтересирани за приредување на придружен настан да ги наведат поединостите за настанот на потстраницата за придружни настани, за да можат меѓусебно да се усогласат, да поттикнат соработка и поврзаност меѓу викимедијанците и подобро да ги разгласат нивните настани.

  • Списокот на настани треба да е изготвен до 5 јули.
  • Подружниците што сакаат да учествуваат на Викиманија со пренос во живо треда да се обратат кај поткомисијата за програма при Главната приредувачка екипа на wikimania(_AT_)wikimedia.org штом ќе ги имаат поединостите за нивниот настан.
  • Главната приредувачка екипа ќе обезбеди техничка поддршка за групите што сакаат да настапат на Викиманија преку пренос во живо.

Идеите дискутирајте ги на разговорната страница.

Прашања?

За повеќе информации во врска со Програмата за стипендии на Фондацијата Википедија, посетете ги често поставуваните прашања (ЧПП).

Ако имате било какви прашања, обратете се на wikimania-scholarships@wikimedia.org или оставете порака ка 2023 talk:Scholarships.